Дома Трансфер зона Шпанците знаат кој го убедува Модриќ да се пресели во Интер

Шпанците знаат кој го убедува Модриќ да се пресели во Интер

Oвие денови во фудбалскиот свет актуелна е трансфер сагата поврзана со иднината на хрватскиот репрезентативец и член на Реал Мадрид, Лука Модриќ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Денес шпанската телевизија, „La Sexta“ од свои извори тврди дека го открила човекот кој го убедува Модриќ да го притиска Перез за трансфер во Интер и тој е – Предраг Мијатовиќ!

Реал порачува дека не сака да слушне за продажба на 32 годишниот играч за врска, но италијанските и шпанските медиуми пишуваат дека Модриќ веќе му порачал на Перез дека сака да замине, а во таква ситуација првиот човек на „кралевите“ и би немал голем избор.

Споменатата телевизија истакнува и дека Модриќ на состанокот кој ќе се одржи оваа недела ќе му соопшти на Перез дека тој одлучил да го напушти клубот и да ја прифати понудата од Интер.

Наводно, зад сето тоа стои Предраг Мијатовиќ, легендарниот црногорски фудбалер и поранешен член на Реал во кого Модриќ има голема доверба. Мијатовиќ и Модриќ биле во конатакт во текот на Светското првенство, па се пишува дека Црногорецот уште тогаш „работел“ на трансферот.

Клубот од Милано на Модриќ е спремен да му обезбеди плата помѓу 10 и 11 милиони евра годишно, со што Хрватот би бил втор најплатен играч во Серија, веднаш зад поранешниот соиграч Кристиано Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…