Дома Фудбал Останато Шпански фудбалер барајќи државјанство дозна дека е принц и наследи големо богатство

Шпански фудбалер барајќи државјанство дозна дека е принц и наследи големо богатство

Животот на триесетгодишниот шпански фудбалер Жорди Амат преку ноќ се промени и тоа откако случајно дозна дека има „сина крв“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Жорди Амат имаше многу просечна кариера бидејќи играше за Еспањол, Рајо Ваљекано, Бетис, Свонси и Еупен

Денес игра за малезискиот клуб Јахор ДТ и се најде во центарот на вниманието откако и самиот дозна дека е принц.

По потеклото на неговата баба тој побара и доби индонезиско државјанство, меѓутоа во целиот процес тој дозна дека всушност е принц на островот Сиау.

Амат на тој начин го добил островот и милионско богатство, без воопшто да знае со што располага.

Амат засега тврди дека неговиот живот нема многу да се промени, но веќе вети дека ќе работи на подобрување на условите на индонезискиот остров и финансиски помош на луѓето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вардар може да стане шампион в петок

Вардар е на чекор до нова шампионска титула во македонскиот фудбал, откако беа потврдени т…