Дома Фудбал Шпанија потресена од голем хаос: Навивачи на Билбао брутално претепале фанови на Атлетико!

Шпанија потресена од голем хаос: Навивачи на Билбао брутално претепале фанови на Атлетико!

Шпанија ја потресе голем инцидент кој се случил вчера пред натпреварот помеѓу Атлетик Билбао и Атлетико Мадрид во Купот на Шпанија.

Медиумите во Шпанија пренесуваат дека околу 60 навивачи на Билбао влегле во ресторан каде што биле фанови на „јорганџиите“ и ги нападнале.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Еден од навивачите заработил сериозни повреди на главата, а неговата сопруга кратко опиша што се случувало и го обвини домаќинот за лоша организација.

„Од самиот почеток се беше лошо организирано. Билбао не извести дека нема да има посебно место каде што треба да пристигне автобусот со навивачи. Ни кажаа одете каде сакате и знаевме дека тоа е стапица“, изјави Ана Ману Карења.

На социјалните мрежи се појавија и снимки од инцидентите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул ги остави проблемите зад себе и го совлада Реал и покрај херојските потези на Куртоа

Ливерпул одигра силен меч и покажа дека можеби го надминува тешкиот период, откако го побе…