Дома Фудбал Англија Шоу на Клоп: Натпревар од соништата, но за навивачите на Јунајтед…(Видео)

Шоу на Клоп: Натпревар од соништата, но за навивачите на Јунајтед…(Видео)

klop

Ждребот за ¼ финалето во Лигата на шампионите сакаше силите да ги одмерат Ливерпул и Манчестер Сити.

Првата пресметка ќе се игра на „Енфилд“ на 4 април, додека реваншот на 10 април на „Итихад“. Интересно што во Премиер лигата единствениот пораз екипата на Пеп Гвардиола го претрпе од тимот на Ливерпул.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ждребот во свој стил го прокоментира и Јирген Клоп кој ги насмеа натпреварите пред натпреварот против Вотфорд…

„Знам дека ќе биде тешко. Но добра работа е што и на Манчестер Сити исто така ќе му биде тешко. Го видов лицето на нивниот спортски директор, Тихи Беригистаин и не ми изгледаше како да слави Божиќ и Велигден истовремено“, започна Клоп, а потоа го „боцна“ големиот ривал…

„Во една фаза морате да се сретнете со клуб од иста земја. Мислам дека ова е натпревар од соништата, но за навивачите на Манчестер Јунајтед“, поентираше германскиот тренер, алудирајќи на елиминацијата на „црвените ѓаволи“ во 1/8 финалето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …