Манчестер Јунајтед доживеа незгоден пораз на домашен терен од Вулверхемптон на стартот на новата година.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Црвените ѓаволи“ бледо го отворија натпреварот, гостите имаа поизгледни шанси за гол во првиот дел, но Де Геа беше на висина на задачата.




Во второто полувреме Рангник направо неколку промени, Јунајтед заигра подобро, но не создаде големи шанси за гол.




Казната стигна во 82-та минута кога Мутињо погоди од работ на шеснаесетникот за голема победа на Вулверхемптон.