Пеп Гвардиола не може многу да се радува на победата над Ватфорд со оглед на сериозната повреда што ја зарлаботи Илкај Гундоган.
Германскиот интернационалец, кој во последните две години има огромни проблеми со повредите излезе од игра во 44-та минута, а Гвардиола по мечот потврди дека станува збор за сериозна повреда.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мислам дека ќе мораме да се снаоѓаме неколку месеци без Гундоган. Тоа е многу тажна вест за нас, мислам дека се работи за повредени лигаменти на коленото“, изјави Гвардиола.
Се предвидува дека Гундоган надвор од фудбалските терени ќе биде 3 до 4 месеци, а на наредните два меча Гвардиола исто така нема да може да смета на Фернандињо и Агуерно кои ја одлежуваат казната за инцидентот на мечот против Челзи.