Дома Фудбал Шок за Бразил: Нејмар го пропушта остатокот од Мундијалот

Шок за Бразил: Нејмар го пропушта остатокот од Мундијалот

Ситуацијата со повредата на Нејмар изгледа посериозна отколку се сметаше на почетокот, пренесуваат бразилските медиуми.

Ѕвездата на Бразил се здоби со повреда на глуждот во првиот меч против Србија. Поради тоа ќе ги пропушти останатите два дуели во групата, а најверојатно и осминафиналето.

Денес вестите се уште позагрижувачки за „кариоките“ и според медиумите Нејмар има оштетување на лигаментите. Доколку тоа се покаже како точно, тогаш ќе мора да одмара уште три недели.

Тоа значи дека во најдобар случај Нејмар може да се врати во евентуалното финале на Мундијалот.

Од таборот на бразилската репрезентација во моментов не објавуваат никакви официјални рокови, но прогнозите се дека може да го пропушти остатокот од Мундијалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета собира снимки од ривалите: „36 излегувања за 10 минути, а нема жолт картон!“

Тренерот на Арсенал е на еден жолт картон од суспензија и тврди дека неговите колеги остан…