По третото коло во шпанската Примера, фудбалерите на Барселона останаа единствена екипа со максимален учинок.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Победничкиот гол за Барселона во вчерашниот натпревар против Рајо го постигна Дани Олмо за кого тоа беше деби настап.
Средбата ја одбележа и Марк Бернал, 17-годишниот фудбалер за врска. Флик му даде шанса, а поради зрелоста која ја покажува на теренот го доби и прекарот „новиот Бускетс“.
За жал по мечот стигна лоша вест за младиот фудбалер и за Барселона. Имено, тој се здобил со скинати лигаменти и ќе го чека долга пауза и рехабилитација.