Дома Фудбал Шок за Барселона: Познато колку долго Тер Штеген ќе биде надвор од терените

Шок за Барселона: Познато колку долго Тер Штеген ќе биде надвор од терените

МАРК-АНДРЕ ТЕР ШТЕГЕН (31), симбол на Барселона и еден од најдобрите голмани во светот, мора да оди на операција на грбот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тоа значи дека актуелниот шампион на Шпанија ќе мора да остане без голманот кој минатата сезона ги освои наградите за најдобар играч на Барселона, најдобар голман на Ла Лига и најдобар играч на Ла Лига за околу три месеци.

Тер Штеген дојде во Барселона пред девет години за 12 милиони евра од Борусија Менхенгладбах и оттогаш 394 пати застана меѓу стативите на нивниот гол.

Затоа е јасно дека неговото долго отсуство, како и прашањето во каква состојба ќе биде и кога дефинитивно ќе се врати по операцијата, е огромен удар за Барса. Тер Штеген се повреди минатиот месец на подготовките на германската репрезентација. Потоа ја напушти репрезентацијата и рехабилитацијата ја продолжи во Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

До вчера сите го гледаа во Барселона, а потоа пристигна повик – од Жозе Мурињо!

Бернардо Силва e „златната кокошка“ на летото 2026 година, бидејќи стана слободен играч и …