Дома Фудбал Англија Шнајдерлин после 12 години си замина од Премиер лигата

Шнајдерлин после 12 години си замина од Премиер лигата

Eкипата на Ница доведе големо засилување за наредната сезона, а веројатно тоа ќе биде нивното најзвучно засилување ова лето, Морган Шнајдерлин.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Францускиот клуб официјално соопшти дека го купиле поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, а медиумите во Франција шпекулираат дека се работи за трансфер вреден 2.3 милиони евра.

Право за настап Шнајдерлин ќе има од 1. јули, но Евертон му излезе во пресрет и му дозволи да започне да тренира со новиот клуб.

Морган Шнајдерлин има големо искуство во Премиер лигата. Во Англија пристигна во 2008 година и се прослави со настапите за Саутемптон, а потоа во трансфер вреден 35 милиони евра премина на „Олд Трафорд“, тоа се случи во 2015.

Бидејќи не се наигра во редовите на „црвените ѓаволи“ потпиша за „Карамелите“. Тој трансфер изнесуваше 23 милиони евра. Оваа сезона Шнајдерлин одигра 18 натпревари во сите натпреварувања и постигна еден гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Рангник повторно не се договори со Милан

Селекторот на Австрија Ралф Рангник најверојатно ќе ја задржи својата позиција на чело на …