
Финале Лига на шампиони: Манчестер Сити го „брка“ Пандев, Интер нема да се предаде! ↓↓↓
Денес Шкупи го загуби дербито против Струга која сега има „плус четири“ на врвот на табелата по 22 одиграни кола.
Струга го доби натпреварот со 2:1 (ТУКА, а сите три гола беа постигнати од пенали. По средбата незадоволство од судењето истакнаа од редовите на Шкупи од каде што кратко најавија дека ќе следи видео-анализа со грешките на нивна штета.
„До сите што му посакуваат лошо на нашиот клуб, тргнете ги валканите раце од ФК Шкупи! Одлуките против нашиот клуб наскоро ќе бидат објавено со видео анализа и официјална изјава“, објавија од Чаир.
Фото: ФК Шкупи