Екипата на Струга со два пенали го доби дербито против Шкупи и славеше со 2:1, па така на врвот на табелата сега има предност од четир ибода.
Од почетокот натпреварот беше полн со дуели и тензии, а интересно е што Струга победи на истиот начин како Шкупи во Чаир во есенскиот дел од сезоната, преку пенали. Сандеј Адетунџи пропушти голема прилика во 14-тата минута, за по само десетина минути да стигне казната. Голманот Кристијан Наумовски направи пенал, го реализираше Буњамин Шабани.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шкупи имаше иницијатива, но Струга одлично се бранеше, за потоа во 88-та минута преку нов пенал кој сега го реализираше Ибраими да дојдат до 2:0. Шкупи со голот на Фреди Алварез во 98-та минута исто така од пенал само го ублажи поразот.
Во останатите натпревари Брегалница на гости го доби Силекс со 1:2, Шкендија дома го совлада Работнички со 3:1, Академија Пандев беше сигурна против Победа дома со 3:0, додека Скопје и Македонија Ѓорче Петров ремизираа 1:1.