Дома Македонски спорт Мак фудбал Шкупи до Шкендија: Еве како вие бевте пречекани во Чаир…

Шкупи до Шкендија: Еве како вие бевте пречекани во Чаир…

Вчерашниот ден во македонскиот фудбал го обележаа низа несакани инциденти во дербито помеѓу Шкендија и Шкупи во Тетово.

Се започна прво кога автобусите со навивачите на Шкупи беа вратени од патарината кај Тетово и немаа можност да навиваат за своите миленици кои веќе ја имаа обезбедено шампионската титула. Шкендија не покажа спортски гест и не направи „шпалир“ за новиот шампион.

Место тоа фудбалерите беа и нападнати пред влезот на стадионот (TУКА), потоа на натпреварот pасистички беше навредуван напаѓачот на Шкупи Сандеј Адетунџи (ТУКА). Дефинитивно вчера навивачите на Шкендија покажаа се како не треба да се навива за својот клуб, немаше ништо што направија што требаше да биде на теренот.

Денес од Шкупи посочија на разлика и потсетија како тие беа дочекани во Чаир со шампионски „шпалир“…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Готово: Газдите на Сити го купија и Палермо!

Meдиумите во Италија попладнево пренесуваат дека работата е завршена и газдите на Манчесте…