Дома Македонски спорт Мак фудбал Шкупи го победи Вардар, но изрази револт поради судењето: Судиите често грешат на наша штета!

Шкупи го победи Вардар, но изрази револт поради судењето: Судиите често грешат на наша штета!

Во викендот кој е зад во саботата во Чаир во рамки од македонската Прва лига се одигра дербито помеѓу Шкупи и Вардар. Домаќините ја оправдаа фаворитската улога и славеа победа со 3:0.

Иако домашниот тим славеше победа, сепак денеска преку социјалните мрежи изрази незадоволство од арбитражата на тој натпревар. Во Шкупи се револтирани од одлуката да биде исклучен Абдул Рвтубјаје кој поради тоа исклучување нема да има можност да настапи во следниот натпревар.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


„Двата жолти картони кои му беа доделени на нашиот играч Абдул Рватубјаје на натпреварот одигран во саботата против Вардар, од видео документацијата јасно покажува дека имаме право да се жалиме. Но, сега веќе не сме изненадени од фактот што судиите прават на наша штета. Во текот на денот ќе објавиме видео во кое ќе ги покажеме грешките на арбитрите

Интересен факт, исто како што се носат погрешни одлуки против нас, така лесно се носат и погрешни одлуки, но во корист на нашиот противници“, соопштија од Шкупи.

Ќе потсетиме на овој натпревар црвен картон имаше и во редовите на Вардар, исклучен беше Марјан Ристовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Екс-репрезентативецот жестоко удри по Милевски: Селекторе, доста е – не мој да не лажеш!

Поранешниот македонски репрезентативец, Мирко Ивановски жестоко го нападна селекторот Благ…