Македонскиот шампион Шкендија доживеа тежок пораз (5:0) на реваншот против Мура во Лигата на шампиони.
Мура од самиот старт беше подобар тим на теренот и брзо дојде до водство со голот на Лука Бобичанец, кој до крајот на полувремето го зголеми водството.
Нашиот шампион остана со играч помалку откако Јан Кривак доби втор жолт картон во 42-та минута.
По десет минути игра во вториот дел Клепац зголеми на 3-0, а во 64. минута Коус погоди за 4-0. Кончените 5:0 беа дело на Клепац за голем пораз на Шкендија.
Фото: ФК Шкендија