Дома Македонски спорт Мак фудбал Шкендија оди по чудо и сензација!

Шкендија оди по чудо и сензација!

Вечерва во Скопје на Арената „Тодор Проески“ ќе има вистински спектакл, Шкендија го пречекува Тотенхем, за жал натпреварот поради добро познати причини ќе се игра без публика.

Тотенхем вчера допатува во Скопје, тренинг на Арената немаа на нивно барање тренингот и прес-конференцијата „петлите“ ги направија во Лондон после што упатија за Скопје, а пристигнаа вчера вечер околу 20 часот.

Разликата е огромна, Шкендија според „Трансфермаркт“ има вредност од 5.08 милиони евра, а Тотенхем 774 милиони евра. Еден резервист во Тотенхем кој не добива многу шанса вреди колку цел тим на Шкендија, а да не зборуваме за вредност на Хари Кејн – 120 милиони евра.

Но, Мурињо нема добро искуство во Скопје. Португалецот во нашиот главен град одиграл еден натпревар. Тоа беше со Манчестер Јунајтед во Суперкупот кога „црвените ѓаволи“ беа поразени од Реал Мадрид. Па ајде и второто негово гостување нека му остане во лошо сеќавање.

Кога ќе погледнеме се е на страната на Тотенхем квалитет, вредност, името…Шкендија влегува во натпреварот како тотален аутсајдер. Во таква улога тетовци немаат што да загубат. Можеме само да замислиме каква сензација би било Тотенхем да биде елиминиран во Скопје.

Бугарски Локомотив Пловдив во претходното коло ни покажа дека Тотенхем има слаби страни. Бугарскиот тим се до последните десетина минути имаше предност, за потоа да добијат два црвени картони по кои Тотенхем направи пресврт.

Веруваме дека вечерва: Бејтулаи, Алими, Захов, Дориев, Бесарт...Ќе им направат проблеми на скапо платените Кејн, Сон, Лукас, Дајер…

Ќе потсетиме, Герет Бејл не е во комбинација за вечерашниот натпревар поради повреда, од друга страна Англичаните во составите кои се најавуваат очекуваат деби на Серхио Регулион.

Фото: Шкендија

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Европските гиганти се „тепаат“ за ѕвезда на Спортинг

Европските гиганти се заинтересиран за дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Нуно Мендеш, прен…