Дома Македонски спорт Шкендија и Академија Пандев немаа среќа на ждрепката во Конференциската лига

Шкендија и Академија Пандев немаа среќа на ждрепката во Конференциската лига

Откако Шкупи ги доби противникот во Лигата на шампионите, своите противници во Конференциската лига ги добија Академија Пандев и Шкендија.

Македонскиот вицешампион Академија ќе игра против Лехија Гдањск, а Шкендија против ерменскиот шампион Арарат. Пандевци за кои ова е второ учество во Европа го добија веројатно најтешкиот можен противник од групата на носителите.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


И Шкендија немаше среќа па така од можни многу послаби ривали тие го добија најсилниот. Арарат е екипа која во изминатите години покажа добри настапи против силни екипи, па затоа Шкендија ќе мора да биде највисоко ниво ако сака пласман во следното коло.

Шкендија е домаќин на првиот меч, а А.Пандев гостува, тие мечеви се закажани за на 7. јули, додека реваншите се на 14. јули.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…