Вицепрвакот во македонското првенство, Шкендија уште сега е виден во третото коло од квалификациите за ЛЕ.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Следен противник на тетовчани е тимот познат за македонската публика, Хелсинки, кој во 2014. година го елиминираше Работнички во второто коло од квалификациите.
Тимот од Финска забележа триумф од 3:0 над Конанс во првото коло и обезбеди пласман во следната фаза.
Првиот дуел Шкендија ќе го одигра во четврток на домашен терен, додека една недела подоцна ќе следува реваншот.
Тимот на Лех Познањ пак, славеше против Пелистер и повторно тимот од Битола го одалечи од европската сцена. Полјаците славеа со 3:0 во Струмица.