Дома Останати Кошарка НБА Шек по трагедијата со Коби им се јавил на сите луѓе со кои имал лош однос

Шек по трагедијата со Коби им се јавил на сите луѓе со кои имал лош однос

Загубата на Коби Брајант го шокираше целиот свет, па така и неговиот пријател Шекил O’Нил.

Една од најголемите спортски трагедии на сите времиња ќе го промени животот на Шекил O’Нил кој ќе промени некои работи својот живот. Кога Шек дознал за трагедија им се јавил на сите луѓе со кои во минатото имал некакви несогласувања.

„Тешко ми беше, но одлучив. Не сакам повеќе да се карам со луѓето, нема да го правам тоа повеќе бидејќи…Никогаш не се знае“, откри Шек.

Односот помеѓу Коби и Шек со години беше на границата на љубов и омраза. Заедно беа еден од најдобрите тандеми во историјата на лигата, но имаше моменти кога не можеа заедно.

„Ги побарав сите луѓе со кои имав несогласувања и им кажав дека ги сакам. Со некои немав разговарано со години, но сега почуствував потреба да го направам тоа. Нашите животи се слични. Семејствата ни се на сите на прво место, потоа работата. Потоа доаѓа дружењето. Имам многу пријатели, но до сега немав навика да искажам љубов преку телефон“, изјави легендата на НБА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Aматерска грешка: Четворица кошаркари на Денвер беа во контра и сите се наместија на „тројка“

Кошаркарите на Денвер Нагетс беа поразени од Вашингтон Визардс со 110:112 во Колорадо. Иак…