Meсто на 21. ноември како што беше планирано Светското првенство во Катар би можело да започне еден ден порани, пренесуваат бројни светски медиуми.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Организаторите сакале Катар да биде репрезентацијата која ќе го отвори Мундијалот, а не како Светското првенство да започне со мечот Сенегал – Холандија како што е сега по распоредот. Според сегашната програма на 21. ноември турнирот ќе биде отворен во 13:00 часот со дуелот на Холанѓаните и Сенегалците, а потоа од 16:00 часот треба да играат Англија Иран, а од 19:00 Катар – Еквадор.




Сега шеицте сакале Мундијалот да се отвор исо нивната репрезентација и испратиле барање до ФИФА стартот да биде поместен за еден ден и Катар и Еквадор да играат на 20. ноември од 19:00 часот.




За се да биде официјално треба управниот одбор на ФИФА да го прифати ова барање, но се најавува дека нема да има проблеми.