Дома Фудбал Лига на шампиони Шаќири не допатува во Белград, но беше главна тема на конференцијата на Клоп

Шаќири не допатува во Белград, но беше главна тема на конференцијата на Клоп

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп после доаѓањето во Белград на прес конференцијата во Белград зборуваше за случајот „Шаќири“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Англиските го запрашаа Клоп за одлуката да го изостави Шаќири за натпреварот во Белград.

„Секогаш носам одлуки за екипата и до сега сите играчи ги прифаќале одлуките. Што се однесува до првото прашање, имавме соопштение на клупскиот сајт и секој кој знае да чита знае зошто го направивме тоа. Доаѓаме како фудбалски тим и претставуваме еден од најголемите клубови во светот, затоа сме тука, да играме фудбал и да се фокусираме на тоа. Луѓето овде знаат каква е ситуацијата, затоа одлучивме така. Џердан ќе игра многу натпревари за нас, но не и утре“, одговори Клоп.

Но, новинарите не застнаа тука.

„Мојата работа и ваша не е да провоцирате одговори за Шаќири, ние сме во Србија и го почитуваме тоа. Политиката имала влијание секаде, но ќе повторам тука сме да играме фудбал. Не сакам да зборувам за нешто што нема врска со фудбалот. Не сакам луѓето тука да ме сфатат погрешно“, јасен беше Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Почина човекот поради кого беа воведени картоните на фудбалските натпревари

Поранешниот капитен на аргентинската фудбалска репрезентација, Антонио Ратин, почина во 89…