Фудбалерот на Ливерпул, Џердан Шаќири не отпатува во Белград на натпреварот од Лигата на шампионите против Црвена Звезда, а тоа беше одлука на Јирген Клоп.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Клоп пред натпреварот истакна дека Шаќири нема да патува за Белград, конкретна причина не наведе. Сепак, на сите им е јасно зошто фудбалерот не отпатува на гостувањето против Звезда.
Ќе потсетиме, Шаќири на Мундијалот во Русија постигна гол против Србија и го прослави покажувајќи го албанскиот симбол.
Сега, Шаќири тврди дека навивачите на Звезда на гостувањето во „Енфилд“ испраќале навреди кон него и тоа пред неговиот татко.
„Слушнав како ја навредуваа мојата мајка додека бев покрај теренот. Мојот татко беше на стадионот и го слушна тоа. Од една страна ја разбирам одлуката да не одам во Белград иако сакав да помогнам на тимот“, изјави играчот за врска на „црвените“.