Дома Фудбал Англија Шаќири: Знаев што ме чека во Ливерпул

Шаќири: Знаев што ме чека во Ливерпул

0
Shaqiri

Швајцарскиот репрезентативец, Џердан Шаќири минатата сезона го напушти Стоук и одлучи кариерата да ја продолжи во дресот на Ливерпул.

Шаќири имаше неколку понуди, но на крајот го избра Ливерпул иако знаеше дека во тимот на Клоп ќе го чека тешка задача да се избори за место во првите 11.

Сепак, Шаќири порача дека бил свесен за она што го очекува во Ливерпул и дека со напорна работа ќе мора да го заслужи местото на теренот.

„Клоп не треба да се грижи дали сум среќен или не. Задоволен сум што работите одат добро за Ливерпул и бев свесен што ме чека кога доаѓав тука. Сигурно дека не сум задоволен со минутажата, бидејќи секој фудбалер сака што повеќе да игра. Имав и други понуди, но Ливерпул беше предизвик со кој сакав да се обидам“, изјави Шаќири.


Следете го Sportski.mk и на


Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Матиќ: Да ми понудеше Звезда, ќе играв без пари

Репрезентативецот на Србија, Немања Матиќ во средата одржа предавање во Факултетот за спор…