Дома Фудбал Шакири после Мундијалот го очекува трансфер од соништата

Шакири после Мундијалот го очекува трансфер од соништата

Швајцарскиот фудбалер со косовско потекло Џердан Шакири на чекор е до голем трансфер.

Овие денови Шакири е во центарот на вниманието поради “албанскиот орел“, односно прославата на голот против Србија. И додека со Швајцарците има прилика да оди во осминафиналето на СП, го очекува и нов трансфер во кариерата.

Моментално е член на Стоук, но тоа набрзо може да се промени, бидејќи се наоѓа на мета на славниот Ливерпул, чиј менаџер Јирген Клоп веќе извесно време го следи овој офанзивен фудбалер.

Медиумите од островот тврдат дека Ливерпул веќе испратил понуда за Шакири, кој претходно во кариерата играше за Базел, Баерн и Интер.

Во дресот на швајцарската репрезентација постигна 21 погодок на 72 настапи, а откако Стоук не успеа да обезбеди опстанок во ПЛ стана јасно дека Шакири мора да бара нова средина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шкендија ја сочува победата во Штип: Ѓорѓиевски стрелец, Гаје последна пречка

Шкендија ја совлада Брегалница со 2-1, а пресудната одбрана на Гаје дојде од пенал во суди…