Дома Фудбал Лига на шампиони Шаќири: Нормално дека ќе дојдам во Белград, од што да се плашам?

Шаќири: Нормално дека ќе дојдам во Белград, од што да се плашам?

0

Швајцарскиот репрезентативец со албанско потекло Џердан Шаќири е една од најомразените спортски личности.

Овој фудбалер, заедно со Гранит Џака, направи вистински скандал во текот на СП кога при прославата на головите против Србија го покажаа двоглавиот орел.

Поради фактот што Ливерпул во ЛШ игра против Црвена Звезда, медиумите со недели наназад шпекулираат дека овој играч нема да смее да дојде во Белград поради пеколниот пречек кој му го спремаат домашните навивачи. Меѓутоа, ништо од тоа..

„Нормално дека ќе дојдам во Белград. Таму ќе отпатувам сосема нормално, да играм фудбал. Од никој не се плашам, ниту дозволувам некој да ме плаши.“ – изјави Шаќири.


Следете го Sportski.mk и на


Натпреварот меѓу Звезда и Ливерпул се игра на 6. ноември на стадионот Рајко Митиќ, а сите влезници се веќе распродадени.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Матиќ: Да ми понудеше Звезда, ќе играв без пари

Репрезентативецот на Србија, Немања Матиќ во средата одржа предавање во Факултетот за спор…