Дома Фудбал Шакири конечно се огласи: Подобро што не отидов во Белград!

Шакири конечно се огласи: Подобро што не отидов во Белград!

Швајцарскиот фудбалер Џердан Шакири конечно се одлучи да проговори кога е во прашање натпреварот против Црвена Звезда во Белград.

Да потсетиме, тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп одлучи да не го носи Шакири во Белград, а како причина ја наведе дека тој и неговата екипа сакаат само да мислат на фудбал, а не на политика.

Германскиот стручњак во таа прилика рече дека Шакири добро ја примил неговата одлука, а сега се огласи и самиот фудбалер кој зборуваше за Скај Спорт.

„Во Белград е жешка атмосферата. Беше попаметно да останам во Англија и сите да се сконцентрираат само на фудбал.“ – изјави Шакири.

Да потсетиме, Ливерпул го загуби овој натпревар со резултат 2:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шкендија ја сочува победата во Штип: Ѓорѓиевски стрелец, Гаје последна пречка

Шкендија ја совлада Брегалница со 2-1, а пресудната одбрана на Гаје дојде од пенал во суди…