Дома Фудбал Останато Чудото од дете кое ПСЖ го украде од Барса вчера за првпат заигра помеѓу сениорите ?

Чудото од дете кое ПСЖ го украде од Барса вчера за првпат заигра помеѓу сениорите ?

Eкипата на ПСЖ вчера го одигра последниот припремен натпревар пред завршницата од Лигата на шампионите и натпреварот против Аталанта.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


ПСЖ на „Паркот на принцовите“ го пречека Сошо и победи со 1:0. Единствениот гол на натпреварот го постигна Чупо-Мотинг во 15 минута од натпреварот.

Тренерот Томас Тухел во овој натпревар не сметаше на најголемите ѕвезди како што се Нејмар или Икарди, додека Мбапе секако не можеше да настапи затоа што е повреден.

Во такви околности внимание привлече 17 годишниот Чави Симонс.

Овој играч за првпат заигра за сениорскиот тим на ПСЖ од доаѓањето од Барселона минатото лето. Тухел му даде 16 минути за игра и многумина го следеа со големо внимание затоа што во јавноста важи за еден од најголемите таленти во светот на фудбалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ФИФА сака 64 земји на Светското првенство во 2030! Постои една причин…

Претстојното Светско првенство брои 48 учесници, но тука не завршуваат проширувањата. Најг…