Дома Фудбал Чудно: Рамос има повеќе голови и помалку картони од Меси

Чудно: Рамос има повеќе голови и помалку картони од Меси

Сезоната 2020/21 во Примера започна на многу интересен начин.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Покрај фактот што Барселона го има најслабиот старт во Ла Лига во последната деценија, има и интересна статистика.

Имено, капитенот на Реал Серхио Рамос има повеќе голови од Лионел Меси од стартот на сезоната. Дефанзивецо на „кралевите“ постигна два гола, а Меси само еднаш ја тресеше противничката мрежа.

Уште поинтересен е фактот што Меси има повеќежолти картони од Серхио Рамос. Аргентинецот пожолтил два пати, додека дефанзивецот на Реал има само еден жолт картон сезонава.

На мечот против Алавеш во саботата, Меси доби жолт картон затоа што ја фрли топката кон судијата, а според медиумите Аргентинецот требало да добие црвен картон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Французите ја растурија Шведска, Мбапе посакува да го испрати Меси во историја (Видео)

Фудбалската репрезентација на Франција лесно го победи Шведска во осминафиналето на Светск…