Дома Кошарка Чудесниот Дончиќ го предводеше Далас до победа во првиот меч од финалето на Западната конференција

Чудесниот Дончиќ го предводеше Далас до победа во првиот меч од финалето на Западната конференција

Со победата над Минесота од 108:105, Далас поведе со 1:0 во финалето на западната конференција од плеј-офот на НБА во серијата која се игра на четири победи.

Брилијантниот Кајри Ирвинг постигна 30 поени, од кои два клучни слободни фрлања на седум секунди до крајот за потврда на пресвртот и победата, но ова е триумф на Лука Дончиќ.

Словенечкиот феномен беше најефикасен на натпреварот со 33 поени, од кои 15 постигна во последната четвртина. Тој додаде 8 асистенции, 6 скока, 1 блокада и 3 украдени топки. Тие се покажаа како исклучително важни.

Сето тоа Дончиќ го направи со повредено, крваво десно колено и отечен лев зглоб, а во текот на играта од ударите прокрвари левото колено, кое дотогаш беше здраво.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Шортс и Рајт без победа во Евролигата, следен предизвик им е меѓусебната пресметка

Валенсија загуби од Барселона со 98-94, а Милано потклекна кај Олимпијакос со 84-78. Шортс…