Фудбалерите на Џирона се вратија на врвот во Примера откако го совладаа Депортиво Алавес со 3:0 во натпреварот од 17.коло на шпанскиот шампионат.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Тимот од Џирона предводен од тренерот Мишел Санчез со тоа ја продолжи серијата одлични резултати сезонава.
Домашните поведоа во 23. минута со голот на украинскиот напаѓач Артем Довбик, а во 42. минута Порто зголеми на 2:0.
Џирона ја потврди победата во 59. минута со голот на Довбик од пенал.
Тоа беше негов десетти гол оваа сезона, а пред него на листата на стрелци е само Џуд Белингем кој постигна 13 гола за Реал Мадрид.
По новата победа на табелата води Џирона со 44 бода, два повеќе од Реал Мадрид, додека Барселона е трета со 35 бодови. Алавес остана на 13. позиција со 16 бодови, три повеќе од зоната за испаѓање.