Во Милан се спрема голема чистка, тврдат Италијанците.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Миланскиот клуб на крајот од сезоната најверојатно ќе го напуштат двајца фудбалери, во прашање се Рикардо Монтоливо и Кристијан Запата.
Управата на Милан сака да го олесни буџетот на клубот така што Монтоливо, кој заработува 2,5 милиони евра и Запата кој годишно заработува 1,7 милиони би можеле први да го напуштат „Сан Сиро“.
Двајцата се пречкртани за оваа сезона. Не играат стандардно, а на минатиот натпревар против Рома не беа ниту во протоколот. Монтоливо веќе долго време е на удар на навивачите, иако беше капитен на клубот.