Александар Чефереин, претседателот на УЕФА за „Тајмс“ откри дека сериозно се разгледува идејата да се промени Лигата на шампионите и на некој начин да се заштитат клубовите кои доаѓаат до завршната фаза.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Според Чеферин клубовите кои ќе стигнат пример до четвртфиналето следната сезона треба да имаат загарантирано место во групната фаза.
Секако, Чеферин како и неговиот претходник Мишел Платини овој предлог го преставува како заштитник на помалите обесправени клубови во Европа. Во прв план оваа идеја го става Ајакс.
Ајакс стигна до полуфиналето и на чекор од финалето и доби големо богатство кое го зема од клубовите кои се „претплатени“ да играат во завршната фаза во најелитното европско натпреварување.
Но, овој предлог има и друга страна и некои тврдат дека оваа идеја ќе оди само во корист на поголемите клубови затоа што многу почесто играат во таа фаза.