Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Чеферин го кажа својот фаворит за освојување на Европското првенство

Чеферин го кажа својот фаворит за освојување на Европското првенство

Првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин смета дека Германија е главен фаворит за освојување на Европското првенство.

Германците турнирот го отвораат во петок со натпреварот против Шкотска.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Разговаравме со пријателите и веќе им кажав. За мене Германија е најголем фаворит. Во последните години не им одеше, но сега играат пред својата публика и имаат добар тим“, изјави Чеферин.

Покрај Германија издвои уште три репрезентации.

„Тука се Франција, Англија и Португалија како селекции со добри шанси. Никогаш не треба да ја потцените и Шпанија. Од позадина своја шанса би можеле да чекаат Хрватска, Белгија, Холандија, па и Данска“, смета Чеферин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Франција отвори истрага против Мбапе за сомнителни исплати

Француската фудбалска федерација отвори истрага против Килијан Мбапе. Причината се сомните…