Дома Останати Ракомет Червар: Ова не е шок, никогаш не треба да го потценувате противникот

Червар: Ова не е шок, никогаш не треба да го потценувате противникот

Ракометната репрезентација на Хрватска не се прослави во првиот натпревар од Светското првенство во Египет.

Имено, Хрватска во дуелот против Јапонија влезе како апсолутен фаворит, но на крајот мораше да се задоволи со освоен бод со оглед на случувањата на теренот.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


После натпреварот кој заврши 29:29, свој коментар даде и селекторот на хрватската репрезентација Лино Червар.

„Ова не е шок. Шок беше кога се зборуваше дека ќе ја победиме Јапонија, Катар и останатите. Тие се добри репрезентации. Не треба да ги критикувате играчите и тренерот. Не влеговме добро во натпреварот, па затоа не беше добра ниту одбраната. Затоа морав да измислувам екипа и да барам играчи кои најдобро можат да одговорат.“ – рече Червар и додаде:

„Морам да ги пофалам играчите бидејќи се вративме, на крајот можевме и да победиме. Сите дадоа се од себе, Циндриќ повреден се обиде да ни помогне. На крајот, мора да извлечеме поука. Противникот никогаш не треба да се потцени. Севкупно не сум задоволен, ова за нас е опомена.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Еден од милениците на скопската публика и освојувач на ЛШ со Вардар заминува во пензија

Еден од најдобрите хрватски ракометари на сите времиња, Иван Чупиќ, по завршувањето на ова…