Дома Фудбал Англија Челзи шокиран од Бурнемоут, завши серијата на Лестер (ВИДЕО)

Челзи шокиран од Бурнемоут, завши серијата на Лестер (ВИДЕО)

Во рамките од Премиер лигата денес во терминот од 16:00 часот беа одиграни четири натпревари.

Тимот на Челзи беше изненаден од Бурнемоут на домашен терен. Гостите до изненадувачката победа стигнаа со голот на Гослинг на шест минути пред крајот. Челзи беше подобар противник и имаше иницијатива скоро во текот на целиот натпревар, но на крајот сепак „сините“ останаа со празни раце.

Лестер кој беше во серија од осум победи во низа денес не го победи Норвич кој е во долниот дел на табелата. „Лисиците“ беа во налет и се очекуваше нивни триумф, меѓутоа сепак Норвич си замина со бод од „Кинг Пауер“. Пуки ги доведе гостите во водство, додека Крул си постигна автогол со кој ги постави конечните 1:1.

Во останатите два натпревари Шефилд ја победи Астон Вила со 2:0 и Барнли беше подобар од Њуксал со 1:0.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

СЕДИ ДОМА И ПОТСЕТИ СЕ: Легендарни дуели од Премиер лигата (видео)

Во време кога има недостаток на спортски настани, а и препораките се да седиме дома, добро…