Дома Фудбал Англија Челзи утре ќе го назначи Тухел, Германецот ќе дебитира во среда

Челзи утре ќе го назначи Тухел, Германецот ќе дебитира во среда

Томас Тухел е единствениот кандидат за тренерското столче во Челзи, откако денес клубот му врачи отказ на Френк Лампард.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Договорени се и последните детали, па единствено прашање е кога официјално ќе биде назначен за нов тренер на „сините“.

Тухел денес треба да пристигне во Лондон откако ќе даде негативен Ковид тест и ќе стави потпис на договорот со „сините“.

Англиските медиуми соопштуваат дека официјалното соопштение од клубот се очекува за утре, кога Тухел ќе го одработи и првиот тренинг со тимот.

Споре сите релевантни извори Тухел ќе биде на клупата на „сините“ во среда за мечот со Вулверхемптон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер Сити веќе му најде замена на Родри, и тоа во голем ривал!

Манчестер Сити интензивно работи на реконструкција на средниот ред откако стана јасно дека…