Дома Фудбал Англија Челзи поведе на Етихад, но остана без бодови: Граѓаните не се откажуваат од титулата

Челзи поведе на Етихад, но остана без бодови: Граѓаните не се откажуваат од титулата

Во дербито на 13. коло во англиската Премиер лига, Манчестер Сити го совлада Челзи со 2:1.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Челзи имаше импресивна сетија со победи до вечерашниот натпревар, но Сините не успеаја да слават против Граѓаните, кои после овие три бода ја задржаа негативата од девет бода во однос на Ливерпул.

Натпреварот беше отворен со два зицери. Прво Де Брујне пропушти голема шанса во четвртата минута, а Вилијан четири минути подоцна промаши за Челзи.

Гостите имаа шанса и во 15. минута, но Томори не погоди. Челзи иницијативата ја круниса со погодок постигнат во 21. минута.

Канте беше стрелец за радост на гостите, која не траеше долго. Во 29. минута Де Брујне израмни на 1:1, а осум минути подоцна Марез направи комплетен пресврт за Сити.

И покрај бројните шанси во продолжение на крајот остана 2:1.

Ливерпул е лидер со 37 бода, Лестер е втор со 29, следува Сити со 28, Челзи со 26, а на петата позиција се проби Волвс кој има 19 бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Словенецот Винчиќ се расплака кога дозна дека ќе го суди финалето на СП

Словенечкиот судија Славко Винчиќ ќе го суди финалето на Светското првенство помеѓу Аргент…