Дома Топ вести Челзи плаќа 80 милиони, Хаверц на чекор од „Стенфорд Бриџ“

Челзи плаќа 80 милиони, Хаверц на чекор од „Стенфорд Бриџ“

Раководството на Челзи не се откажува од намерата да ја донесе младата ѕвезда на Баер Леверкузен, Каи Хаверц.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според еминентниот новинар Фабрицио Романо, двата клува официјално ги стартувале преговорите за 20-годишниот Германец.

„Сините“ сакаат што побрзо да го комплетираат трансферот. Тие се спремни да ја платат бараната сума од 80 милиони евра, но само ако во неа се вклучени и бонусите.

Двете страни интензивно преговараат и се очекува во наредните денови да ги „испеглаат“ разликите.

Хаверц пред неколку недели ги договори личните услови со Челзи и чека „зелено светло“ за да простигне во Лондон на лекарски прегледи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…