Дома Топ вести Челзи од Реал бара уште една ЅВЕЗДА во случај понуда за Азар

Челзи од Реал бара уште една ЅВЕЗДА во случај понуда за Азар

Челзи има намера од Реал следното лето да го вклучи и играчот од средниот ред, Касемиро во работата околу доведувањето на Еден Азар.

Уште од претходно е познато дека Флорентино Перез има во план на лето да го доведе Азар и дека Белгијанецот е една од неговите најголеми желби. Сепак, работата со Челзи нема да биде лесна, а доказ за тоа е и фактот дека „Сините“ меѓу останатото бараат и Реал во спротивна насока да го испрати играчот од средниот ред, Касемиро, пишува „Don Balon“.

Истиот извор пишува дека освен Касемиро, Челзи бара уште 100 милиони евра за да го пушти својот најдобар играч. Дали Реал ќе се согласи на овие услови и колку има вистина во ова, останува да видиме во следните месеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…