Дома Трансфер зона Челзи не се шегува: Бакајоко пристигна, Ван Дијк е следниот!

Челзи не се шегува: Бакајоко пристигна, Ван Дијк е следниот!

Како што пренесуваат англиските медиуми шампионот Челзи го договорил првото засилување и најдоцна до утре ќе го комплетира трансферот на Бакајоко од Монако.

Францускиот репрезентативец Тимуе Бакајоко беше трансфер цел на Конте и во јануарскиот преоден рок, но тогаш Монако не сакаше да влезе во преговори.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Двата тима денеска постигнале договор и Бакајоко ќе се пресели на „Стенфорд Бриџ“ за сума од 40 милиони евра. „Тајмс“ открива дека веќе го избрал дресот со број 14.

Меѓутоа, тоа не е се, медиумите тврдат дека Челзи испратил понуда од 68 милиони евра за дефанзивецот на Саутемптон, Вирџил ван Дијк и чека одговор најдоцна до утре.

Англиските медиуми се оптимисти дека Саутемптон ќе ја прифати понудата бидејќи самиот фудбалери инсистира да се пресели на „Стенфорд Бриџ“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…