Дома Трансфер зона Челзи на шопинг во Италија!

Челзи на шопинг во Италија!

Челзи под водство на Антонио Конте игра фантастично оваа сезона, но извесно е дека на лето неговиот тим дополнително ќе биде засилен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Медиумите на Острвот тврдат дека италијанскиот стратег сака да го засили средниот ред и да донесе алтернатива за Матиќ и Канте, а прва трансфер цел е младата ѕвезда на Аталанта, Франк Кесие.

Конте го сакаше Кесие уште во јануарскиот преоден рок, но Аталанта ја одби понудата на „сините“. Сепак Челзи нема да се откаже од африканскиот играч за врска и следното лето ќе направи се за да го донесе на „Стенфорд Бриџ“.

За Кесие интерес покажуваат уште Рома, Милан, Јувентус и ПСЖ но медиумите вееруваат дека Челзи е во предност бидејќи самиот фудбалер преферира преселба во Премиер лигата.

Моментално цената на Кесие изнесува помеѓу 25 и 30 милиони евра, сума која „сините“ нема да имаат проблем да ја платат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…