Дома Трансфер зона Челзи му го „украде“ засилувањето на Јувентус: Младата ѕвезда на Мундијалот потпиша за Сините?

Челзи му го „украде“ засилувањето на Јувентус: Младата ѕвезда на Мундијалот потпиша за Сините?

Светското првенство, како и секогаш е „изложба“ за европските гиганти во потрага за засилувања, но и одлична прилика за младите фудбалери да го привлечат вниманието на себе со одличните игри.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Таков е случајот и со младиот рерпезентативец на Русија, Александар Головин кој воодушевува со самото отварање на Мундијалот. Уште пред Мундијалот се појавија шпекулации дека Јувентус е најблиску до ангажирање на 22-годишниот играч за врска на ЦСКА Москва, а претходните денови се појавија информации дека Головин е пред трансфер во „Старата дама“ за околу 20 милиони евра.

Сепак, денеска руските медиуми пренесуваат дека Александар Головин е нов играч на Челзи. Имено, Русите тврдат дека Головин веќе потпишал договор со Челзи, додека поранешниот тренер на ЦСКА, Валери Газаев исто така соопштил дека знае за договорот помеѓу лондонскиот клуб и рускиот играч.

Се уште нема официјална потврда ниту информација за вреднсота на овој наводен трансфер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…