Дома Топ вести Челзи му го нуди Канте на Арсенал

Челзи му го нуди Канте на Арсенал

Францускиот репрезентативец Нголо Канте во зимскиот преоден рок би можел да го напушти Челзи и да се пресели во градскиот ривал Арсенал.

Канте влезе во последната година од договорот и одби да ја продолжи соработката со Челзи, кој му понуди само едногодишен договор.

„Сините“ сакаат да избегнат да го загубат Канте без обештетување, па се спремни да го продадат во јануари на некој од конкурентите.

Англиските медиуми веќе пишуваат дека Челзи му го понудил Канте на Арсенал, а „топџиите“ се заинтересирани за Французинот.

Прашање е само дали Канте ќе прифати трансфер на средина од сезоната или ќе сака на лето да замине како слободен агент бидејќи има многу понуди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сабицер го спаси Дортмунд во 90+3: Вердер падна по луда драма!

Дортмунд испушти 2:0, но Сабицер со слободен удар во 90+3. минута донесе победа од 3:2 над…