Дома Фудбал Челзи лесно го доби Арсенал, Лукаку дебитираше со гол🎥

Челзи лесно го доби Арсенал, Лукаку дебитираше со гол🎥

Челзи излезе како победник во Лондонското дерби против Арсенал и славеше на „Емирати“ со 2:0.

Челзи подобро го отвори натпреварот и дојде до водство после 15 минути, кога после асистенција на Џејмс, Лукаку немаше тешка задача да постигне гол на своето деби.

Само неколку минути подоцна Џејмс зголеми на 2:0, резултат со кој се замина на одмор.

Арсенал во второто полувреме се обидуваше да постигне гол, но не успеа да создаде големи шанси. Од друга страна Челзи го искористуваше просторот и создаде неколку добри шанси, па можеше победата да биде поубедлива.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чолаковски ја отвори гол-сметката, Перт ја прекина серијата порази со 4-0

Стефан Чолаковски погоди во убедливиот триумф над Аделаида Јунајтед, со кој Перт Глори сти…