Дома Топ вести Челзи и ПСЖ спремаат рекордни понуди за Мењан

Челзи и ПСЖ спремаат рекордни понуди за Мењан

Мајк Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голмани во Европа.

За него силен интерес покажуваат Челзи и ПСЖ, кои нема да жалаат пари на лето да го доведат во своите редови.

Мењан потекнува од школата на ПСЖ, во моментов е прв голман на француската репрезентација и „светците“ се спремни на лето за него да понудат 80 милиони евра.

Меѓутоа, 27-годишниот голман започа преговори за обновување на договорот со Милан, кој сака да го награди за добрите партии, но и да се заштити од интересот на ПСЖ и Челзи.

Милан му понудил нов договор до 2028 година со зачително зголемување на платата и се очекува Мењан да биде еден од најплатените фудбалери на тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сабицер го спаси Дортмунд во 90+3: Вердер падна по луда драма!

Дортмунд испушти 2:0, но Сабицер со слободен удар во 90+3. минута донесе победа од 3:2 над…