Дома Фудбал Англија Челзи го сака Зидан за да го задржи Азар!

Челзи го сака Зидан за да го задржи Азар!

Маурицио Сари после високиот пораз од Манчестер Сити од 6-0 ја изгуби довербата од управата и навивачите.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Челзи влезе во многу лоша серија, така што во последните 4 кола, само еднаш победија, а трипати беа поразени, што резултираше со пад на табелата.

Последните три порази на лондонскиот клуб се без постигнат гол, „сините“ против Сити, Арсенал и Бонрмут примија вкупно 12 гола, а не постигнаа ниту еден.

Поради тоа сериозно е разнишата позицијата на Сари, кој според медиумите добил ултиматум од 1 месец, да го врати тимот на вистинските патеки, или ќе му следува отказ.

Како што пишуваат англиските медиуми, „сините“ сакаат да го ангажираат Зинедин Зидан, кој во моментов е без работа откако на крајот од минатата сезона го напушти Реал Мадрид.

Наводно раководството на Челзи веќе го презело првиот чекор за ангажман на Французинот. На „Стенфорд Бриџ“ веруваат дека со тоа ќе гу убедат и Азар да остане во клубот и да го продолжи договорот.

Познато е дека Белгиецот сака да соработува со Зидан и не го крие тоа, па „сините“ веруваат дека со ангажман на Французинот ќе затворат две прашањња. Прво ќе имаат долгорочно решение за клупата, а второ ќе можат да го задржат својот најдобар фудбалер.

Азар на лето влегува во последната година од договорот и се почести се шпекуалциите за негово заминување од „Стенфорд Бриџ“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сака е херојот, Арсенал по 20 години ќе игра финале во Лигата на шампионите! (Видео)

Фудбалерите на Арсенал конечно по две децении обезбедија место во финалето на Лигата на ша…