Дома Фудбал Англија Челзи го прегази Лестер 🎥

Челзи го прегази Лестер 🎥

Челзи во 12. коло од Премиер лигата го совлада Лестер како гостин со убедливи 3:0.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тимот на Томас Тухел одигра уште еден одличен натпревар и на крајот заслужено дојде до победата. До водство Челзи стигна во 14. минута кога Антонио Рудигер го отвори резултатот.

Нов гол во мрежата на домаќинот беше виден во 28. минута. Одличниот Н’Голо Канте повлече една акција од средината на теренот, дојде до казнетиот простор и со одличен удар го матираше Шмајхел за 2:0. Разликата во првото полувреме можеше да биде и поголема, но гостите не искористија уште неколку добри прилики.

Во второто полувреме продолжи добрата игра на Челзи. „Сините“ не дозволуваа премногу на Лестер во фазата на нападот, точка на натпреварот стави Пулишиќ во 71. минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Reакцијата на Инфантино по голот на Египет може да биде предмет на нов скандал на Мундијалот

Натпреварот меѓу Аргентина и Египет на Светското првенство донесе вистинска фудбалска драм…