Дома Фудбал Челзи го „блиндираше“ Палмер со нов договор

Челзи го „блиндираше“ Палмер со нов договор

Младиот Кол Палмер блесна минатата сезона во дресот на Челзи и се етаблираше во еден од најдобрите играчи во Премиер лигата.

Палмер пристигна минатото лето од Манчестер Сити, но набрзо стана лидер во тимот и најдобар поединец во Челзи.

Поради тоа раководството на „сините“ сакаше да го награди со нов договор и му понуди двојно повисока плата.

Денес Палмер официјално стави потпис на новиот договор и се обврза на верност со Челзи до 2033 година.

22-годишниот фудбалер минатата сезона одигра 45 натпревари за Челзи во сите натпреварувања, а успеа да постигне дури 25 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Емирати“ веќе не плаши: Арсенал без домашна победа, а притисокот расте

Фудбалерките на Арсенал се шести и 12 бода зад врвот, а по четири домашни меча сè уште чек…