Дома Македонски спорт Чачиќ за можниот трансфер на Адеми: Знам дека преодниот рок во Кина е отворен…

Чачиќ за можниот трансфер на Адеми: Знам дека преодниот рок во Кина е отворен…

Aријан Адеми вчера одигра одличен натпревар во дербито против Хајдук (ТУКА) и беше стрелец и асистент на првите два гола, а пред натпреварот во текот на денот се појави информација дека е пред трансфер во Кина (ТУКА)

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тренерот Анте Чачиќ претходно секогаш беше убеден дека Адеми ќе остане во Динамо, сега иако изјави дека не знае за понудата на Адеми и дознал од медиумите, сепак не беше така сигурен.

Преодниот рок во Кина е отворен до 7-ми април и Чачиќ е свесен.

„Адеми во Кина? Тоа го прочитав во медиумите, знам дека преодниот рок во Кина е отворен до април, а нормално е нашите фудбалери да бидат интересни за други клубови и да се поврзуваат со можен трансфер. Не знам ништо повеќе за понудата“, изјави Чачиќ.,

Хрватските медиуми засега се убедени дека се работи на трансфрерот и тврдат дека македонскиот репрезентативец добил понуда каква што не може да одбие. Динамо по вчерашната победа има 11 бода предност на врвот, па затоа и не би правел проблем да го пушти да си замине.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Мурињо испрати порака до Арсенал по интересот за Винициус Жуниор

Жозе Мурињо сака Реал Мадрид да ги одбие сите обиди од Арсенал да го потпишат бразилскиот …