Дома Фудбал Чалханоглу постигна гол од пенал, па ВАР го поништи поради ситуација каква што ретко се гледа 🎥

Чалханоглу постигна гол од пенал, па ВАР го поништи поради ситуација каква што ретко се гледа 🎥

Репрезентацијата на Турција го победи Исланд со 4:2, а во овој натпревар од „Б“ Лигата на Наци видовме и една необична ситуација.

Во 54. минута Чалханоглу ја погоди мрежата на Исланд од пенал, но набрзо ВАР го поништи неговиот погодок.

Имено, Чалханоглу при изведувањето на пеналот се лезна и топката по шутот го погоди и во другата нога, а при изведувањето пенали не е дозволено играчот да има два допири.

Чалханоглу во продолжение доби уште еден пенал во 67. минута, а тој го реализираше за негов 20-ти гол во репрезентацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ЦСКА доби дом од 45 милиони евра, но на отворањето недостигаа голови

Обновениот стадион „Бугарска армија“ ги исполнува условите за четвртата категорија на УЕФА…